На 12.11.2026 во 18:04 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот од Битола кон границата со Република Грција се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 64-годишен жител на с. Долно Егри, битолско, и велосипед управуван од 64-годишен жител на Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Битола.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.