На 12.11.2026 околу 22:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 42-годишен државјанин на Република Албанија.

При гранична контрола и проверка било констатирано дека патничкото возило „волво“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага на Интерпол.

Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.