Пензионерите во Македонија се приближуваат до редовната исплата на октомвриската пензија, а календарот овојпат носи мала промена во вообичаениот термин. Први ноември 2026 година се паѓа во недела, поради што исплатата се очекува да започне во понеделник, 2 ноември, кога е првиот работен ден во месецо, пишува Центар.мк.

Според воспоставената практика на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, пензиите се исплаќаат на почетокот на наредниот месец за претходниот месец. Тоа значи дека средствата што граѓаните треба да ги добијат на почетокот на ноември се однесуваат на пензијата за октомври.

Сепак, дел од пензионерите би можеле да располагаат со парите и пред 2 ноември. Одредени комерцијални банки и во изминатите месеци ја практикуваа предвремената исплата, овозможувајќи им на своите клиенти пристап до средствата пред редовниот термин, пишува Центар.мк.

извор Центар.мк.