На 12.11.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Перо Наков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишен жител на Скопје, и велосипед управуван од 63-годишен жител на с. Трубарево, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.