На 12.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишен жител на населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот, кој во еден момент сам се придвижил и со задното тркало го прегазил.
Притоа, 67-годишниот маж се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал.
Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.