На 12.11.2026 во 14:34 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 25-годишен државјанин на Република Албанија.
При гранична контрола и проверка на товарното возило „волво“ со приколка „кроне“ со албански национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека ВИН-бројот на приколката не постои на местото каде што е предвидено според фабричката оригиналност.
По консултација со јавен обвинител, приколката е одземена, а лицето е задржано во СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.