На 12.11.2026 во 15:30 часот во с. Србиново, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода двајца 23-годишни мажи, едниот од Гостивар, а другиот од с. Србиново, гостиварско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.