На 07.11.2026 во 23:00 часот, на улицата „Наум Наумоски Борче“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода лице на возраст од 40 години од селото Мало Коњари, прилепско.
При преглед кај лицето и неговото патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, на совозачкото седиште била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.