На 07./08.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода десет лица, меѓу кои и 16-годишен малолетник, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и различни видови прашкасти и грутчести материи.
Станува збор за лице на возраст од 23 години од Велес, како и лица на возраст од 33, 30, 29, 46, 39, 21, 27 и 30 години и 16-годишник, сите од Скопје.
Според полициските информации, кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја и прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.