На 08.11.2026 во 00:25 часот, пред угостителски објект на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар лишиле од слобода лице на возраст од 19 години од селото Добридол. По интервенција за нарушен јавен ред и мир, лицето физички нападнало полициски службеник при вршење службени дејствија.
При алкотестирањето кај 19-годишникот биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица.
Во врска со истиот настан, во 02:10 часот од слобода биле лишени и две лица на возраст од 25 и 23 години, двајцата од Гостивар. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.