Денес работиме, плаќаме придонеси и веруваме дека еден ден ќе добиваме пензија. Но, што ќе се случи ако за дваесет или триесет години има сè повеќе пензионери, а недоволно работници што уплаќаат во пензискиот систем? Кој ќе ги обезбедува парите за идните пензии и дали генерациите што денес имаат 30 или 40 години ќе можат да очекуваат сигурна старост?
Замислете млад човек кој денес има 35 години. Работи, плаќа даноци и придонеси, можеби отплаќа станбен кредит и се обидува да создаде семејство. Секој месец дел од неговата заработка оди во системот за пензиско осигурување. Тој очекува дека, кога ќе ги исполни законските услови, ќе добива пензија, пишува Centar.mk.
Но, во исто време, дел од неговите врсници заминуваат во странство. Некои таму создаваат семејства, други купуваат станови, а трети планираат никогаш да не се вратат, анализира Centar.mk.
И тука се отвора едно од најважните економски прашања за иднината на Македонија: што се случува со пензискиот систем кога населението старее, а дел од работоспособните луѓе ја напуштаат земјата?
Целата анализа прочитајте ја на Centar.mk.