На 07.11.2026 во 16:00 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка привеле лице на возраст од 43 години од селото Извор, општина Чашка, затоа што го нарушило јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувало наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека 43-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,15 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.