Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против лице на возраст од 38 години од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според полициските информации, на 21.08.2026 година, пред угостителски објект во Берово, пријавениот физички нападнал друго лице од Берово.