СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.З.(37) од Стар Дојран, Б.К.(54) од Нов Дојран и А.А.(41) од Стар Дојран поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон.

Пријавените на 29.04.2024 година со неизвршување на својата должност која биле должни да ја извршуваат, при спроведување на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе одредби од Законот за прогласување на Дојранско Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење, Имено Т.З. вработен како овластен комунален инспектор во општина Дојран на 29.04.2024 година изготвил Одобрение за градење со кое на инвеститорот од Струмица му се одобрил изградба на угостителски објект со хотелско сместување, без истиот да поседува водостопанска согласност во основниот проект, која било потребно да ја поседува. Пријавениот Б.К. на работно место Самостоен референт за помошно стручни административни работи од урбанизам и градежништво во општина Дојран делото го сторил на тој начин што го контролирал/одобрил одобрението за градење изготвено од страна на пријавениот Т.З, а пријавениот А.А. во моментот на извршување на кривичното дело Градоначалник на општина Дојран го издал претходно изготвено Одобрение.