На 07.11.2026 година, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице на возраст од 30 години од Скопје, по претходна пријава од неговата 22-годишна сопруга дека физички ја нападнал, по што ја зел нивната малолетна ќерка.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.