Бројот на заразени со делта сојот се зголеми за уште четири лица, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Оние вчерашни испитувања четворица пациенти, случаите што се анализираа, потврдија дека имаат индиски сој на коронавирусот. Еден пациенти е во потешка, додека пак другите се со стабилна клиничка слика и немаат потешка форма на болеста“,соопшти Министерот Филипче.