Vestiplus.mk
КОРОНАВИРУС МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Филипче: Размислуваме за присуство на настани на затворено, задолжително само со вакцинален сертификат

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес конференција на Клиниката за Кардиологија изјави дека вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, додека во здравствените домови ширум земјата се одвива вакцинација без закажан термин. Во тек е и теренската вакцинација која има за цел да им го олесни пристапот на жителите од руралните средини и тешко достапни места како би имале можност да бидат вакцинирани.

Во изминатите три дена откако е започната теренската вакцинација, досега се вакцинирани околу 30% , теренската вакцинација ќе продолжи и во следниот период. Досега се вакцинирани околу 400.000 граѓани а се ревакцинирани 250.000 граѓани.

Министерот Филипче апелира до сите граѓани да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин како да се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен. Податоците покажуваат дека 85% од здравствените работници се веќе вакцинирани, како и поголем дел од воспитно образовниот кадар.

За евентуални нови рестритивни мерки Филипче изјави дека доколку наесен опфатот на вакцинирани граѓани не е доволно голем ќе се воведат нови мерки, вакцинален сертификат кој ќе биде задолжителен за влез на настани на затворено, како и за организирање на масовни настани. Важноста на имунизација на населението е клучна за справување со пандемијата, затоа е важно граѓаните што поскоро да го сторат тоа, порача министерот.

Можеби ќе ве интересира...

168 санкции за брзо возење

Vesti +

Заев: Владата прави сé за да го заштити здравјето на граѓаните, мотивира и охрабрува вакцинација

В+

Вицепремиерот Маричиќ во посета на успешно реализирани проекти финансирани со европска поддршка во општина Валандово

Vesti +

Ново големо намалување на цените на горивата, ова се новите цени

Vesti +

(ВИДЕО) Урсула фон дер Лајен го повика Петков Бугарија да ја крене рампата за Македонија

В+

Високи бројки: 32 починати, 1222 новозаразени

В+