СВР Битола поднесе кривична пријава против 69-годишен жител на Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Првопријавениот, управител на правното лице, за 2024 година одбегнал делумно плаќање на данок на добивка, поточно прикажал расходи, а потоа во книговодствената евиденција не приложил веродостојна документација или спецификација на трошоци со која би се утврдило за кој период и за што се однесуваат прокнижените расходи.

Од УЈП е извршена контрола и донесено е решение со кое на правното лице му е наложено да изврши уплата на вкупна сума, заедно со пресметана камата, во износ од 501.765 денари.