Доктор Ненад Лазаров на фејсбук сподели фотографии од овој викенд на кои се гледаат гужви на различни забави каде не се почитува никаква дистанца.

„Сите што лудувате викендов по кафани,концерти и фестивали, од сега ви кажувам дека немам намера да дозволам да ме вознемирувате на полноќ кога ќе почнат глупостите со температури, главоболки и т.н. После вие паничете, ја немам намера, ве пратам шо праите и не ми се верува. Сликиве покажуваат дека не ви се сите криви после“, напиша тој на својот фејсбук профил каде што сподели фотографии од повеќе ноќни клубови.