МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и во регионот. Со 79,8% исполнетост на индикаторите за отвореност, МВР е во топ три најтранспарентни институции во земјава.

Резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Македонија и регионот, кој ги презентираше Фондацијата Метаморфозис, преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт топ три отворени институции оваа година се Министерството за одбрана со исполнетост од 89.72%, Владата која исполнува 79.14% и Министерството за внатрешни работи со 78.9% исполнетост на индикаторите за отвореност.

Тоа покажува исклучителна транспарентност на институциите во Македонија во споредба со минатото и во споредба со институциите во регионот во кои министерствата исполнуваат помалку од половина од поставените индикатори – во Црна Гора 37,40 %, Србија 51,48 %, Босна и Херцеговина 37,4 %.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи е прва владина институција од вкупно 71 институција од јавниот сектор за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, односно на 3 место согласно годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција.

Но, сликата за МВР беше драсатично поинаква во периодот пред 2017 година. МВР како институција помина низ трансформативен период преку професионализација, декриминализација и деполитизација за да стане „МВР за граѓаните“ . Институција со доверба од над 65% од граѓаните, во топ три по транспарентност и рејтинг.

– Во 2015 година го затекнав министерството како високопартизирано и криминализирано, министерство коешто злоупотребуваше човекови права, прислушуваше над 22.000 граѓани, министерство кое што криеше убиства, како она на Мартин Нешковски од страна на обезбедувањето на Груевски. Ќе ја спомнам „Вистината за Македонија“ која што ја објавивме низ разговорите, ќе потсетам за долгот од 40 милиони евра, ќе спомнам за субстандардните услови за работа на полициските службеници во најзатворената од заробените институции во државата. Ќе спомнам за историски најниското ниво на доверба кај граѓаните, напиша Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил, пред заминување од функцијата Министер за внатрешни и формирање на Техничката Влада.

Денеска, додава Спасовски, Министерството за внатрешни работи е една од трите најтранспарентни институции, со доверба кај граѓаните над 65%, со статистика која говори за постојано намалување на вкупниот криминалитет и зголемување на ефикасноста. Така, 2023 година ја завршивме како година во која што имаме 8% намалување на вкупниот криминалитет во споредба со 2022 година и за 4% зголемување на ефикасноста.

Податоците на Глобалниот индекс на мир (GPI – Global Peace Index) за 2022 ја вброија земјава во друштвото на 36 најбезбедни држави во светот. Република Северна Македонија е најбезбедна од земјите на Западен Балкан, со скок од 67 места во 2017 година и четири позиции повисоко рангирана од 2021.

МВР важи за една од најтранспарентните институции во земјава и регионот – активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, во 2022 изнесува високи 91.7%, што претставува скок за 32.2%, поминувајќи три нивоа – од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.

Индексот на отвореност на МВР говори за 76.10% исполнетост на индикаторите за отвореност, а активната соработка со медиумите претставува вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата.

За прв пат оваа Влада воведе Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”. Со законско решение е уредено прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството.

МВР усвои и План за интегритет 2023-2025, интерен антикорупциски документ кој содржи сет мерки кои ги спречуваат и елиминираат можностите за појава и развој на различни форми коруптивно и друго не професионално однесување во Министерството за внатрешни работи.

МВР сериозно ја подобри комуникацијата со јавноста и медиумите. Во соработка со ОБСЕ и ЗНМ беше изработен Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик, во насока на драстично и квалитетно унапредување на состојбите во делот на непречено и безбедно извршување на новинарската професија. Во 2017 потпишан беше и Меморандум за соработка за превземање на активности за подобрување на состојбите на новинарите. А помошник-министерот за односи со јавност беше назначен за лице задолжено за итна реакција за било каков проблем на новинарите. МВР во изминатите години активно продолжува да го подобрува и зајакнува партнерскиот однос со медиумите, преку директна комуникација како и со навремено и транспарентно информирање на својата веб страна и социјалните мрежи.

Од минатата година МВР започна и непосредната комуникација со граѓаните преку „Отворен Кабинет“.Можност директно да се слушнат граѓаните да прашаат, да дадат одредена сугестија, одреден коментар кој би бил корисен и во интерес на граѓаните. Отворен кабинет е надоврзување на формирањето на локалните совети за превенција, на отворање на интитуцијата, на подигање на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.

Добрите резултати во полицијата се постигнати благодарение на вработените на кои во изминатите шест години платите им се зголемија за 35%, преку пет покачувања на плата за сите, но и 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, како и шест редовно исплатени бонус плати. Целта е создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Пред заминување од позицијата Спасовски истакна дека МВР е целосно реформирана демократска институција, која работи во полза на сите граѓани. Вели, конечно, оставам стабилна безбедносна состојба, со најдобри резултати во овие три децении, со континуиран тренд на намалување на криминалитетот и зголемена ефикасност на полицијата.