На 08.11.2026 во 00:49 часот, на улица „Партизанска“ во Охрид, лишено од слобода е лицето на возраст од 40 години од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „ауди“, кој го управувал, а при извршеното алкотестирање кај него констатирале 2,20 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител, одземено е неговото возило. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.