На 07.11.2026 во 23:57 часот, на улица „Магистрален пат“ во Кичево, лишено од слобода е лицето на возраст од 55 години од Македонски Брод. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „пасат“, кој го управувал, а при извршеното алкотестирање кај него констатирале 1,74 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител, одземено е неговото возило. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.