Вечерва околу еден часот по полноќ голем пожар избувна во Темерин, а половина час подоцна имаше и експлозија.

Како што објавуваат српските медиуми, во прашање се магацините со лесно запаливи експлозивни материјали.

Во гаснењето учествуваат пожарникари од Темерин и Нови Сад.

Големата експлозија ги вознемири жителите на куќи кои се наоѓаат на само 50 метри од магацинот, а до магацинот има и мегамаркет.
Брзата интервенција го спречи ширењето на овие објекти, а според првичните информации нема повредени.

Полицијата го обезбедува местото на настанот. Материјалната штета е голема.

Причината за пожарот ќе ја утврдува истрагата.