На предлог на Комисијата за кадровски прашања, Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија.

Ја прифати оставката на Арафат Муареми и го разреши од должноста в.д директор на Управата за Финансиска полиција, орган во состав на Министерството за финансии.

Горан Иванов, го именува за в.д. директор на Управата за Финансиска полиција.

Во рамки на точката за кадровски прашања, на предлог на Комисијата, Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија и донесе Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител на Република Северна Македонија.