Украинското Министерство за внатрешни работи создаде веб-страница за пребарување на заробени и убиени руски војници.

„Тука веднаш ќе објавиме фотографии и видеа што ги добиваме од бојното поле. Доколку вашите роднини или познаници се во Украина и се вклучени во војната против нашиот народ – тука можете да добиете информации за нивната судбина“, се наведува на веб-страницата.

„Стотици луѓе веќе се јавуваат на телефонската линија Заоне во потрага по своите роднини“, се вели во соопштението на украинското министерство.

Овие фотографии и видеа намерно ги објавуваме, некого може да препознаете по индиректни знаци“, потенцираат од МВР.

Направен е и Телеграм канал со слики од уапсени и убиени руски војници.