Денес се регистрирани 601 нов лабораториски позитивен случај на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 205.623 – Оздравени се 304 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 217, Битола – 68, Велес – 34, Кавадарци и Куманово – по 31, Прилеп и Штип – по 28 , Крива Паланка – 18, Кочани и Тетово – по 17, Гевгелија – 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10, Берово – 9, Неготино – 8, Македонска Каменица и Ресен – по 5, Богданци, Виница и Гостивар – по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица – по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе – по 2, Македонски Брод и Струга – по 1.

Регистрирани сe 304 оздравени пациент од: Скопје – 141, Куманово – 26, Велес – 16, Прилеп и Кавадарци – по 15, Битола и Штип – по 14, Охрид – 10, Тетово и Кочани – по 7, Пробиштип – 6, Свети Николе – 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 4.501 тест преку: ИЈЗ-339, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-90, ЦЈЗ Прилеп-50,
ЦЈЗ Тетово–81, ЦЈЗ Куманово-58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-91, Авицена-201, Биотек-247, Систина-61, лабораторија Лаор-200, Синлаб-35, Ремедика-18, Плодност–77, Генеа-11, Никоб лаб-622, ВФВ Медикал-68, Ели Медика-67, Ројал Медика –39, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.916.

Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.