Во одговор на прашањето зошто се затворени улиците околу црквата Свети Спас, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на Сител телевизија, кажа дека „не се случува ниту денеска нешто, а ниту во сабота“. Тој истакна дека треба да има безбедност и ред во државата и тоа ќе се спроведе.

-Ништо да не ја вознемирува јавноста, мирот и безбеснота е важно да се запазени и да имаме достоинствено чествување какво што доликува за нашиот великан Гоце Делчев. МВР секогаш носи одлуки врз основа на информации од разузнавачката заедница или припадници на МВР. Ниту една одлука не е базирана на тоа што се пишува на социјалните мрежи или што изјавува опозицијата, кажа Спасовски.

Министерот нагласи дека државата има инстутиции, тие функционираат и се задолжени да обезбедат достоинствено празнување и сите аспекти кои укажуваат на тоа да се сочува достоинството на македонската држава и македонскиот народ.

-Очекуваме се да помине во најдобар можен ред и во таа насока се и сите активности ки ги преземаме, рече Спасовски.