Сите млади лица кои го изгубија животот во изминатите денови како последица на коронавирусот биле невакцинирани, тврди министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу нив имаше неколку лица на 24 и 25 години, но и помлади. Сите беа лекувани во болница, но, докторите не успеаја да им ги спасат животите поради компликациите од болеста.

„Вакцините на Фајзер се препорачани и за децата од 12 до 18 години. Сега апелот е насочен за граѓаните над 18 години. Сакаме опфатот да го зголемиме. Сите млади кои се починати а за кои се дискутираше во јавноста, сите се невакцинирани“, рече Филипче.

Анализите покажувале дека добро се одвива опфатот на вакцинација со повозразните лица, а сега се става акцнет да се вакцинираат и помладите граѓани, бидејќи тие се лицата кои го шират вирусот според Филипче. Според него, оваа категорија на граѓани е најнезаштитена, а со вакцината, е единствен начин да се спречи ширењето на вирусот.