Од утре до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.