Соопштение на СДСМ:

По признанието на врхушката на партијата тогаш на чело со бегалецот Никола Груевски дека дејствувале како злосторничко здружение во предметот Титаник, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да си поднесат оставка.

Цели 11 години се задржале на власт со местење избори, со заробени институции, масовно прислушување, контролиран правосуден систем , партизирана полиција и богатење со парите на граѓаните.

Покрај признанието за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ од двајца поранешни министри и генерален секретар, потврда за тоа има и од три судски инстанци во државата.

Судовите докажаа дека функционери од ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувале положби и се богателе од градба на училишта (потврдено во случајот Табла), фалсификувале документи и местеле тендери во РЕК, каде ќарот бил 17 милиони евра (потврдено во случајот Труст).

Преку фирми на партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ се затајувал данок (докажано во случајот Тифани).

Од УБК и полицијата си направиле приватна фирма, се фалсификувале службени исправи, се уништувале службени списи од кои дел се однесувале на незаконско прислушување (потврдено во случајојт Тврдина 2).

Судот докажа дека партиски послушници вдомени во МВР, злоупотребувале службена положба, на штета на државниот буџет, за набавка на службени возила на полицијата, тендерите ги давале на фирми кои нуделе поскапи цени (случај познат како Триста).

Затоа немало пари за поголема минимална плата, немало пари за повисоки плати и пензии.

Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да избегаат од вистината и одговорноста.