Со двојната победа на СДСМ и коалицијата на вонредните избори за градоначланик во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа, граѓаните му испорачаа жежок шамар на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски. Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен и уште поголем бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата. Тој загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови, се вели во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ наведуваат дека на вонредните избори за советници во општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ забележа драматичен пад на поддршката од граѓаните. Од скоро 6.000 гласови во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ падна на 3.000 гласови на гласањето во саботата.

ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.

Колку и да се мачи ВМРО-ДПМНЕ не може својот дебакл на вонредните локални избори да го претстави како победа.

Затоа и Мицкоски со денови никаде го нема да се огласи, ниту со статус на Фејсбук, се вели во соопштението на СДСМ.