Христијан Мицкоски денеска се обиде да се сокрие од јавноста преку објава на социјалните мрежи каде се правдаше за неговите хидроцентрали. За се’ е подготвен да зборува само за струјата која го повикуваме да се отстапи на граѓаните не. Ниту збор, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Каевски додаде дека денес, самиот Мицкоски постојано тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?

Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Или провизии се дел од причината зошто се молчи,изјави Каевски.