Денеска (14.04.2022) во 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Б.Т.(47) од Скопје. Тој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за истрага со мерка притвор за сторено кривично дело по чл.279 од Кривичниот законик.

Б.Т. е приведен во полициска станица, по што ќе биде спроведен за издржување на мерката притвор.