Денеска (16.09.2022) во 10.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(44) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Миле Поп Јорданов“.

Тој бил задржан во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.