На 09.02.2022 во 19.25 часот на ул.„Черења“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип. Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата.

Тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.