На 08.09.2022 во 06.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Е. (30) од Куманово. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шење за доиздржување на казната.