Денеска (15.09.2022) во 13.05 часот во населба Автокоманда во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Тетово, со живеалиште во Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.