Приведен дилер од Скопје кој бил во бегство 17 години
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Скопје кој бил во бегство 17 години

Шеесет и тригодишен скопјанец е приведен за издржување затворска казна од 12 години. Според информациите од МВР, тој бил во бегство 17 години.

Полициски службеници од отсекот за потраги при Единицата за внатрешни работи Кисела Вода и при Единицата за внатрешни работи Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје на Љуботенски Пат, атар на с. Радишани, во непосредна близина на клучката кај Радишани, вчера попладне го привеле А. Р. (63) од Скопје.

За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор од 12 години за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по чл. 215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира...

Богоев: Мора да престанеме со преседани за остварување лични цели преку парламентот

Vesti +

ПРЕНОС ВО ЖИВО: Обраќање на лидерот на СДСМ – Зоран Заев

В+

Последните топли денови изминуваат: Следува само студ и дожд, а познато е кога да го очекуваме и првиот снег

Vesti +

Ковачевски на средба со Совет на амбасадори: Потребно ни е сето знаење и институционална меморија за историски најважната евроинтеграција која ни претстои

Vesti +

Владата: Национален електронски идентитет за секој граѓанин

Vesti +

Шахпаска: Зголемување на опфатот на деца во градинките во Општина Свети Николе и Општина Росоман

Vesti +