На 14.09.2022 во 03.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода М.Д.(52) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.