Претседателот на ИНТЕРПОЛ во писмо до Спасовски: Вашето визионерско лидерство е од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на ИНТЕРПОЛ во писмо до Спасовски: Вашето визионерско лидерство е од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност

Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси во писмо до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја изрази својата почит и благодарност за гостопримството за време на 50 Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржа од 8ми до 10ти мај во Охрид.

Тој во писмото ја наведува благодарноста за тоа како Спасовски и МВР како домаќини ја организирале конференцијата, но и 7 Мај – Денот на македонската полиција на којшто Ел-Рајси беше гостин.

-Свесен сум за макотрпната работа во организирање на ваков настан, како и запосветеноста која мажите и жените ја демонстрираа во осигурувањето на исклучително искуство за сите нас, пишува Ел-Рајси.

Истакнувајќи ја благодарноста и за можноста за средба со Спасовски, Ел-Рајси потенцираше дека темите за кои се разговарале се на врвот на агендата на Извршниот Комитет на ИНТЕРПОЛ. Притоа, тој ја истакна визијата и поддршката на Спасовски за безбеден регион и за надминување на предизвиците со кои се справува ИНТЕРПОЛ.

-Вашето визионерско лидерство за безбедносните сили на Северна Македонија, како и посветеноста на вашата Влада на меѓународна полициска соработка се од фундаментално значење за националната, регионалната и глобалната безбедност. На лично ниво, би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка која ми ја давате и за инспиоративните разговори за време на нашата средба., истакна претседателот на ИНТЕРПОЛ Ел-Рајси.

Можеби ќе ве интересира...

Познат идентитетот на починатиот маж кој беше пронајден во куќа во Гостивар

Vesti +

АСОМ донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во сообраќајната несреќа во Бугарија

Vesti +

ДУИ: Сите опции се отворени, Ахмети има одврзани раце да преговара како понатаму

В+

Дали треба да биде воведен полициски час и да биде прогласена нова вонредна состојба?

В+

170 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Vesti +

Партијата на пензионери со поддршка на коалицијата предводена од СДСМ

В+