Пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород во близина на украинската граница. Русија тврди дека зад ракетниот напад стојат Украинците, додека вооружените сили на Украина се уште ништо не потврдиле.

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа пожар во близина на станбени блокови во Белгород, на околу 40 километри од границата. Покрај тоа, на Твитер беа споделени видеа на кои се гледаат хеликоптери, за кои се тврди дека се украински хеликоптери кои го извршиле воздушниот напад.

Тоа засега не го потврдија вооружените сили на Украина, но Русите официјално ги обвинија Украинците дека го нападнале магацинот.

На една од снимките наводно се гледаат два украински јуришни хеликоптери МИ-24 како летаат над руската граница и уништуваат складиште со неколку наведувани проектили.

Градот Белгород се наоѓа северно од Украина, а Русите тврдат дека сега Украинците ги напаѓаат на нивна територија. Ова место се користело како почетна точка за руските сили непосредно пред инвазијата на Украина и оттогаш Харков е силно гранатиран од тука.

*фотографијата е илустративна, видеото е превземено од твитер