Граѓанскиот суд – Скопје ја уважи тужбата за клевета на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски изнесол невистинити факти за честа и угледот на премиерот со неговите изјави за случајот „Рекет“.

Тужбата на Заев против Николоски беше за неговите изјави дека вкупната сума на изрекетирани средства во случајот „Рекет“ надминува 20 милиони евра и дека целата операција била координирана лично од Зоран Заев и осмислена од врвот на СДСМ.

Ваквите изнесени тврдења судот ги отфрли како лажни и му наложи на Николоски да ја објави изреката на пресудата, односно тоа дека клеветел, на негов трошок „на простор не помал од една осмина од страница од првата до петтата страна од печатено средство за јавно информирање – дневен весник во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување“.