Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

Одлична вест за сите кои се бориме за слободата на изразување и правото на информирање.
🇰🇲🇰🇲🇰 Македонските медиуми се најслободни меѓу земјите од регионот. Годинава сме подобро рангирани од минатата година, 19 места повисоко според новиот извештај на организацијата Репортери без граници.
🇲🇰🇪🇺 Слободата на медиумите е еден од најважните стандарди за демократското општество. Во земјите кои го започнале процесот на преговори со ЕУ, како Северна Македонија, тоа е уште поголем предизвик.
Но, иако сме постигнале напредок, уште има уште работа и предизвици што треба да ги надминеме во оваа област.
Мораме како и досега да останеме фокусирани на подобрување на медиумската слобода како една од најважните темелни вредности и еден од клучните елементи за успешно преговарање со ЕУ.
🇲🇰Се движиме во добра насока, се подобруваме и се позиционираме помеѓу најдобрите.