Најмладиот починат ковид пациент кој денеска го регистрираше прегледот на Министерството за здравство имал само 18 години. Станува збор за девојче од Скопје. Меѓу починатите е и едно 23 годишно лице од Скопје како и уште едно на 31 година.

Само од почетокот на септември во земјава починале 458 лица додека само од понеделникот до денеска починати се 137 лица што значи дека дневниот просек на починати изнесува 22.8 лица.