Што се однесува до топлинската енергија, опозицијата на државно ниво, која е власт на локално ниво и во Град Скопје одби да управува со затоплувањето на Град Скопје, тоа го направи Владата и гледате дека радијаторите се топли со цена субвенционирана од државата, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција посветена на енергетската криза.

Одговарајќи на новинарско прашање за неискористените средства од ЕБОР поради блокадата во Собранието, премиерот кажа дека државата не е во ќорсокак, туку тоа е опозицијата.

-Тој кредит беше блокиран и јас информирав дсека заради неодговорното однесување на опозицијата тие финансиски средства што стоеа на сметката на банката, тие веќе ги имаат пренаменети за други намени. Со тоа на Македонија и се ускрати од страна на опозицијата да користи исклучително поволни финансиски средства, заклучи Ковачевски.