Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе го намали бројот на неговите советници и ќе има најмалку од сите претходни премиери.

Тој рече дека некои од советниците повеќе нема повеќе да бидат на таа функција, а други ќе работат на линиски работи во организациски единици според квалификациите.

Посочи дека имињата на оние што веќе се планирани да бидат советници не може да ги објави зашто тоа сѐ уште не е официјално. Сепак, посочи дека тие се висококвалификувани и признати професионалци во своите области.