„Струмица во овие 16 години има локална власт предводена од СДСМ и нижи низа успеси и процеси. Од општинската инфраструктура во градот и населените места, завршените водоводни и канализациони мрежи, реконструкција на училиштата и изградба на нова градинка после 30 години. Струмица стана од слепо црево на југостикот, град со кој сите се гордееме и се споменува во целата држава“ кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Костадин Костадинов во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека во неговиот мандат ќе продолжи да спроведува успешни политики и да им служи на сите граѓани на Струмица.

„Јас ќе направам се за да го одржам пријателството и со моите противкандидати, со поранешниот градоначалник Коста Јаневски и да го обезбедам континуитетот на работите што ги реализираше прво Зоран Заев, па ги продолжи Јаневски, но и да спроведам нови проекти што ќе значат поголем и посилен прогрес на Струмица“ кажа Костадинов.

Тој додаде дека важно за градоначалникот на општината е да биде во симбиоза со централната власт, откако претходно поминале 11 години во кои тоа го немаше.

„После 30 години, благодарение на соработката на централната и локалната власт во Струмица се гради нова градинка со капацитет од 300 деца. Се реконструираат сите училишта. СДСМ има континуитет на добри политики и ссо такви ќе продолжи“ кажа Костадинов.