На 06.10.2021 во 15.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“, патничко возило „мерцедес“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од с.Седларци, струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.