Околу сценаријата предизборни, меѓуизборни, пост изборни баш и не би можеле да знаеме што точно се крчка во партиските штабови но извесно е дека сега, по резултатите од 24-ти април, многу принципи не ќе важат зашто власта е страст но повеќе и сласт па сега секој секому го опипува пулсот коалициски или клиентелистички, сеедно, притоа, се чини дека само СДСМ е малку настрана и како во меѓуизбориево никој да не го игра, а тој игра на единствениот адут што засега за 8-ми мај му остана, на излезноста, да се подразбудат граѓаните и да решат изолација или европеизација, да ги разберат блефовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја кутнале Софија на грб и дека Брисел ќе се затрча и наместо на источниот сосед, конечно пенал или барем слободен удар сега би свирел за нас но, кажано во една реченица, таа бајка не бива, па или од ЕУ процесот ќе си останеме настрана до следните избори или само до скорешната измена во уставот од страна на опозицијата преку големата лага „Бугарите во уставот – не”.

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Извор: Civilmedia.mk