Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, го опиша украинскиот главен град како „опкружен“ и рече дека евакуацијата на цивилите нема да биде можна „бидејќи сите патишта се блокирани“.

„Ние сме на работ на хуманитарна катастрофа“, рече тој за Асошиејтед прес додека во градот продолжува полицискиот час, кој, како што рече, им дозволува на властите да ловат „саботери“ на улиците.

– Моментално имаме струја, моментално имаме вода и парно во нашите куќи. Но, инфраструктурата за испорака на храна и лекови е уништена. Затоа пораката за сите е: Поддржете ја Украина заедно… Ние сме силни – рече Кличко.

– Секој Украинец е горд што е независен, што е Украинец, а ние сме горди што имаме своја држава – рекол Кличко, пренесува The Guardian.